Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави денеска дека опозицијата во Белорусија ќе добие помош од 15,6 милиони евра за развој на човековите права и демократијата во земјата. Филе ја соопшти одлуката на хумнитарна конференција во Варшава, Полска. Конференцијата на која учествуваа 40 земји беше со цел да се обезбедат пари за про-демократските сили, независните медиуми и студентите во Белорусија, по антивладините протести, против реизборот на Претседателот Александар Лукашенко.