Египетската опозиција не се откажува од протестите

Протестите во Египет

Египетската опозиција и денеска повика на демонстрации, против режимот на Претседателот Хосни Мубарак и покрај соопштението на војската во кое се бара од демонстрантите да си одат дома. Мубарак вчера изјави дека ќе остане на својата функција до изборите во септември. Опозициската коалиција најави и масовни протести во петок. Во коалицијата е вклучена и Националната асоцијација за промени на чело со Мухамед ел Барадеј, Братството на муслиманите и други организации.