Мубарак треба да превземе поинакви мерки, оцени Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оцени дека египетскиот претседател Хосни Мубарак мора да превземе поинакви чекори од ветувањето дека нема повторно да се кандидира за претседател во септември. Ердоган изјави дека актуелната египетска администрација не влева доверба за создавање демократска атмосфера.