Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ го разреши началникот на Генералштабот на хрватската армија Јосип Лучиќ. Според Јосиповиќ, разрешувањето на Лучиќ е по заеднички договор со премиерката Јадранка Косор. Двајцата изразиле задоволство што брзо и без какви било промени постигнале договор. Предлогот за нов генерал е еден од потезите во рамките на општата реформа на оружените сили и прилагодување на стандардите на НАТО, истакна Јосиповиќ. За оваа одлука утре ќе се разговара на седница на Владата, која на тоа место ќе го предложи Драго Ловриќ.