Повици за протести и во Сирија

Протестите во Египет

Група на сириски онлајн активисти повикуваат на мирно востание за да се стави крај на тиранијата и корупцијата во земјата. Групата преку социјалната мрежа Фејсбук, која е официјално забранета во Сирија бара да се спровде „ден на гневот“ сличен на масовните протести во Египет. Протестот е закажен за петок после молитвите. Групата има повеќе од 7800 членови.
Друга група пак повика на протести во четврток пред Парламентот.