Германија со намалени безбедносни мерки на јавни места

Германскиот министер за внатрешни работи Томас Маизиере

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Маизиере изјави денеска дека ќе се намали бројката на полициските службеници, кои патролираат на железничките станици и на јавните места, по терористичките закани во минатата година.
Според министерот Германија и натаму е мета на исламските екстремисти, но инцидентите поради кои беше зголемена безбедноста биле спречени.