Засега нема одлука за предвремени избори, изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за А1 Телевизија. Тој рече дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги разгледа сите опции и доколку се донесе таква одлука јавноста навремено ќе биде информирана. За бојкотот на Собранието од страна на опозицијата, Груевски изјави дека тое е нелегитимно и изговор за да се направи проблем.