Протест на опозицијата во Египет

Протести против режимот на Мубарак во Каиро

Опозицијата во Египет за денеска најави генерален штрајк и протестен марш на кој се очекуваат еден милион луѓе. Претходно новонаименуваниот потпретседател на Египет Омар Сулејман изјави дека претседателт Хосни Мубарак од него побарал веднаш да започне дијалог со „политичките субјекти“ за уставните и реформите во судството. Опозицијата долго време бара да се укинат строгите критериуми за кандидирање на претседателските избори кои се закажани за септември. На изјавата на Сулејман се гледа како на обид да се спречат понатамошните протести. Но демонстрантите јасно ставија до знаење дека нема да престанат се додека Мубарак не си оди од власта и не му се стави крај на неговито режим. Армијата вчера соопшти дека нема да употреби сила против демонстрантите. Повеќе од 100 луѓе беа убиени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили во немирите кои започнаа минатата недела.