САД испратија свој преставник на разговри во Каиро

Соединетите американски држави го испратија својот поранешниот амбасадор во Египет, Френк Виснер, во Каиро, за да разговара со високи функционери за состојбата во земјата. Од Стејт департментот велат дека Виснер треба да ја пренесе пораката на САД дека се потребни фер и слободни избори во Египет. Но американските власти одбија да одговорат дали САД сметаат дека претседателот Хосни Мубарак треба да учестува на изборите. И ЕУ повика на дијалог меѓу власта и опозицијата во Египет.