САД ја поздравија одлуката да нема референдум во Казахстан

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев

Соединетите Американски Држави ја поздравија одлуката на Казахстан да не се спроведе референдум со кој може да се продолжи мандатот на претседателот Нурсултан Назарбаев до 2020 година.
За портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули одлуката на Казахстан е вистинска одлука. Претходно Уставниот суд во Казахстан пресуди дека одлуката за референдум е неуставна. Назарбаев чиј мандат истекува во 2012 година, изјави дека ќе свика предвремени претседателски избори, но не даде датум. САД и Европската унија се на став дека одржувањето на референдум за продолжување на мандатот на претседателот би можело да биде чекор назад на патот кон демократија.