Уапсен „снимател“ на егзекуцијата на муслиманите во Сребреница

Припадник на српска паравоена единица Шкорпиони што ја снимал егзекуцијата на босанските муслимани кај Сребреница во 1995 година е уапсен во Франција. Српското обвинителство за воени злосторства соопшти дека 47-годишниот Миодраг Момиќ е приведен во Гренобл каде што се криел под лажен идентитет.
Видеото што го снимал Момиќ прв пат се појави во 2005 година за време на судењето на Хашкиот суд за воени злосторства. Четворица припадници на Шкорпионите во 2007 година од Белградскиот суд беа осудени на затвор меѓу 13 и 20 години.