САД- да се ослободи американскиот дипломат заробен во Пакистан

Заробениот американски дипломат Рајмонд Дејвис

Соединетите држави повторно повикаа да се ослободи американскиот дипломат кој е заробен во Пакистан, обвинет за убиство на двајца Пакистанци. Дипломатот Рејмонд Дејвис е член на Американската амбасада во Исламабад, и има целосно право на имунитет и не може законски да биде уапсен или притворен согласно со Виенската Конвенцијата, изјави портпарлот на Стејд департментот Филип Кроули. Дипломатот ги убил Пакистанците во самоодбрана, откако тие му се заканиле за време на вооружен грабеж во Лахоре. Пакистанските власти одбија да го ослободат Американецот , велејќи дека истрагата за убиства е во тек.