ЕУ ќе спроведе санкции за белоруската влада

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

Министрите за надворешна политика на ЕУ денеска решија да воведат визна забрана и да ги замрзнат имотите на белорускиот претседател Александар Лукашенко и на негови 157 соработници.
Унијата реши да спроведе санкии поради растурањето на протестите против реизборот на Лукашенко, при што стотина опозициски активисти беа уапсени, меѓу кои и претседателски кандидати.