Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Апелацискиот суд во Скопје.
Во декември минатата година претседателот на скопска Апелација, Јордан Митриновски поднесе оставка.
Митриновски и судијата Исмаил Лимани ја одобрија одлуката за пуштање на кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу во домашен притвор, која од Обвинителството и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски беше оценета како незаконска, заради што беше поведена постапка против двајцата судии пред Судскиот совет. Лимани потоа си даде оставка како судија, а Митриновски се откажа од местото претседател на Апелацискиот суд.