Франција е повторно светски првак во ракомет откако синоќа во продолжение ја победи репрезенатцијата на Данска со резултат 37 спрема 35. Француската репрезентција по четврти пат ја освојува титулата и избори директен пласман на Олимписките Игри во Лондон кои ќе се играат во 2012 година. Титулата најдобар играч на светското првенство во Шведска му припадна на Никола Карабатиќ од Франција.