Германија бара Иран да ослободи двајца новинари

Германија денеска побара од Иран да ослободи двајца новинари, кои беа уапсени поради покривањето на приказната за жена осудена на смрт со каменување, што предизвика реакција од меѓународната заедница. Маркус Хелвиг и Јенс Кош работеле за Билд ам Зонтаг и биле уапсени во октомври во Табриз, бидејќи го интервјуирале синот и адвокатот на егзекутираната Сакине Мохамади Аштиани.