Милошоски со приоритетите на надворешната политика во 2011

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски изјави денеска дека јакнење на довербата во комуникацијата со Грција и процесот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг се некои од приоритетите на надворешната политика на Македонија во оваа година. Според Милошоски почнувањето на преговори за членство во ЕУ и зачленувањето на земјата во НАТО ќе има позитивен ефект врз регионот. Милошоски додаде дека процесот во Хаг не треба да се политизира и да биде правно неутрален за двете засегнати страни.