Нова Демократија од утре го бојкотира Парламентот

Претседателот на Нова Д емократија Имер Селмани

Централниот совет на Нова Демократија на денешната вонредна седница одлучил дека од утре нема да учествува во работата на Парламентот. Претседателот на партијата Имер Селмани изјави дека Нова Демократија не сака да ја легитимира дискриминаторската, разделувачката и изолациска политика на владата. Според Селмани тие решиле да донесат таква одлука бидејќи власта ги игнорирала нивните забелешки за пописот, уставните измени и проектот Скопје 2014 година.