Протестите во Египет со поголем замав

Протестите во Египет

Десетици илјади луѓе и денеска протестираат во Египет и покрај воведувањето на полициски час, поради одбивањето на Претседателот Хосни Мубарак да даде оставка од функцијата. Протести продолжуваат низ улиците на Каиро, Александрија и Суез, кои се прошириле и во северен Синај. Тенкови и оклопни возила се распоредени низ главниот град, кои ги чуваат клучните владини згради, каде што се обиделе да влезат демонстрантите.
Владата денеска поднесе оставка, откако Претседателот вети дека ќе го распушти кабинетот за да се реши кризата и да престанат немирите во земјата.