Кабинетот на египетскиот претседател Хосни Мубарак официјално поднесе оставка, соопшти националната телевизија на земјата. Мубарак синоќа вети дека владата ќе се распушти за да се смират тензиите и кризата предизвикана од петдневните протести во земјата, но тој изјави дека ќе остане на функцијата. Протестите продолжуваат и денеска низ неколку египетски градови.