Јелко Кацин - никој не ја уценува Србија

Србија никој не ја стави пред дилемата да бира членство во Европската Унија или Косово, изјави Јелко Кацин, известувачот на Европскиот парламент за Србија коментирајќи ја за Радио Слободна Европа оценката на српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ дека таков услов од ЕУ би имал катастрофални последици за стабилноста на Балканот и би го блокирал мировниот процес во регионот. Кацин позитивно ја оцени и изјавата на српскиот претседател Борис Тадиќ за желбата Србија побрзо да започне дијалог со Приштина, како и напорите на премиерот Мирко Цветковиќ, кој за неколку дена ќе ги предаде одговорите на Прашалникот на ЕУ на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе во Брисел.