Најмалку осуммина загинати во Кабул

Авганистанската полиција соопшти дека најмалку осум лица биле убиени во денешната експлозија во супермаркет каде што најчесто купувале странски државјани во Кабул. Меѓу жртвите, како што се додава, имало и странци. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.