Организаторите на демонстрациите за заминување на египетскиот претседател Хосни Мубарак од власт најавија нови масовни протести за денеска. Опозицијата доби подршка директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија и нобеловец, Мохамед Ел Барадеи. Тој вчера од Виена допатува во Каиро за да им се придружи на протестите.