Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавашоглу изјави денеска дека албанскиот премиер нема да се обрати на нивната седница, како што беше најавено. Се уште не се знае зошто Бериша го откажал патувањето за Стразбур, но според нефицијални информации тој не сакал да замине од Албанија, кога опозицијата бара негова оставка и најави утре нови протести.