Продолжуваат протестите во Египет

Судири на полицијата и демонстрантите во Каиро

Протестите во Египет продолжуваат и денеска и покрај предупредувањата од властите дека нема да ги толерираат демонстрациите. Египетските граѓани бараат распуштање на Парламентот, спроведување на демократијата и повисоки плати, како и пад на тридеценскискиот режим на претседателот Хосни Мубарак. Илјадници ддемонстранти протестираат во Каиро, како и во другите градови низ земјата. Според извештаите полицијата уапсила неколку од демонстрантите. На вчерашните протести загинаа 3 лица.