Тунис издаде налог за апсење на соборениот претседател Бен Али

Поранешниот туниски претседател Зине Ал Абидине Бен Али

Туниското министерство за правда соопшти денеска дека е издаден налог за апсење на соброениот претседател Зине Ал Абидине Бен Али. Министерството побарало помош од Интерпол за апсење на Бен Али, неговата сопруга и другите членови на семејството, кои се обвинети за кражба на имот и нелегален пренос на странски девизи надвор од земјата. Бен Али избега во Саудиска Арбија на 14 јануари по масовните протести против неговиот 23 годишен режим.