Албанската опозиција не се откажува од протестите

Албанскиот опозициски лидер Еди Рама

Лидерот на опозицистичката Социјалистичка партија во Албанија Еди Рама изјави дека ќе се одржат протестите закажани за петок, бидејќи секој граѓанин има право на слобода на изразување. Според Рама на протестите тие ќе им одадат почит на жртвите на насилството на власта. Американскиот амбасадор во Тирана, Александар Арвизу побара од албанскиот премиер Сали Бериша и Рама да ги откажат планираните протести во петок и сабота.