Делегација на македонската армија, предводена од началникот на Генералштабот генералпотполковник Мирослав Стојановски ќе учествува на состанокот на Евроатланскиот партнерски Воен комитет кој се одржува денеска и утре во Брисел. Ќе се расправа за операциите на НАТО во мисијата ИСАФ во Авганистан, како и придонесот во мисијата КФОР на Косово.