Министерот за надворешни работи Антони Милошоски по средбата со неговиот чешки колега Карел Шварценберг во Прага изјави дека двете земји ги продолжуваат пријателските односи и политичкиот дијалог за подршка на Македонија во евроинтегративниот процес. Според Шварценберг спорот за името меѓу Македонија и Грција е непотребен, но двете страни мора да го решат бидејќи го отежнува проширувањето на ЕУ. Милошоски изјавил дека дијалогот меѓу двете страни за проблемот со името е интензивиран и поставен на повисоко ниво.
Министрите констатирале дека е подобрена економската соработка меѓу Македонија и Чешка, поради зголемувањето на трговската размена и инвестициите на чешките фирми во Македонија.
Министрите констатирале дека е подобрена економската соработка меѓу Македонија и Чешка, поради зголемувањето на трговската размена и инвестициите на чешките фирми во Македонија.