Медведев бара одговор од НАТО за одбрамбениот ракетен штит

Рускиот претседател Дмитри Медведев

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска изјави дека Русија сака недвосмислен одговор од НАТО за улогата на Москва во европскиот одбранбен ракетен штит. Медведев по средбата со рускиот претставник во Алијансата Дмитри Рогозин додаде дека Русија ќе биде принудена да развие сопствен одбрамбен ракетен штит, доколку не и биде дадена еднаква улога на земјата во тој што го развива Вашингтон и неговите европски сојузници. Според Медведев на Русија и е потребна сигурна заштита од надворешните закани за да даде соодветен отпор со или без НАТО.