Бериша на средба со странските дипломати

Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиeр Сали Бериша денеска се сретнал со странските диломати со цел да се најде решение за излез од тешката политичка ситуација во земјата. На средбата биле евроамбасадорот Еторе Сеќуи, амбасадорот на мисијата на ОБСЕ, Еуген Волфарт, амбасадорот на Унгарија, како земја претседавач со ЕУ, како и американскиот, британскиот, данскиот и италијанскиот амбасадор, но и министрите за внатрешни работи и за одбрана, Љуљзим Баша и Арбен Имами.
Се уште нема други информации. Странските дипломати претходно разговараа со Претседателот на земјата Бамир Топи.