Група на Ал Каеда виновна за нападот на коптска црква во Египет

Египетското министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека приврзанициte на Ал Каеда се одговорни за новогодишниот напад на коптска црква во Александрија, при кој 23 лица загинаа, а 100 беа повредени. Според министерството палестинската група Армија на исламот која е поврзана со Ал Каеда стои зад нападот.
Армијата на исламот наводо со седиште во Газа е осомничена и за вмешаност во нападот на границата кај Израел во 2006 година во кој беше киндапиран израелскиот војник Џилад Шалит.