Претепан руски законодавец во близина на Москва

Рускиот закондавец Никита Слепниов бил претепан од тројца мажи во близина на Москва, соопшти неговата партија Само за Русија. Според партијата, при нападот Слепниов бил испрскан врз лицето со солзавец, а неговите напаѓачи го предупредиле дека ако не замолчи ќе го убијат. Слепениов и пред инцидентот добивал смртни закани.
Партијата смета дека нападот е поврзан со општествените и политичките активности на Слепниов, кој во Думата бил инволвиран во прашања поврзани со зголемување на трошоците на домаќинствата и комуналните услуги.