Претседателски избори во Португалија

Португалскиот претседател Анибал Кавако Силва

Во Португалија денеска се одржуваат претседателски избори на кои се очекува уште еден мандат да добие актуелниот Претседател на земјата Анибал Кавако Силва. Предизборните анкети покажаа дека Силва од опозициската Партија на социјал демократите би можел да освои 60 насто од гласовите во однос на неговиот противник Мануел Алегре од владејачката Партија на социјалистите.
Изборите се во време кога португалската влада се обидува да ги намали трошоците и даночните зголемувања за да се намали буџетскиот дефицит.