Убиени 4 милитанти во Пакистан

Пакистанската разузнавачка служба соопшти дека четири милитанти биле убиени при ракетен напад од американско безпилотно летало во северниот дел на покраината Вазиристан во близина на границата со Авганистан. Според новинските агенции било нападнато едно возило во градот Мираншах.
Во регионот често има судири меѓу талибанците и припадниците на Ал Каеда со американските војници.