ОН го осудија нападот во близина на Карбала

Медицински лица им помагаат на ранетите во нападот во близина на Карбала

Специјалниот пратеник на ОН за Ирак ги осуди самоубиствените напади врз шиитски верници во близина на светиот град Карбала. Во самоубиствениот напад вчера загинаа најмалку 50 луѓе а стотина се повредени. Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападите, но според извештаите се сомничат милитанти поврзани со сунитската Ал Каеда. Нападите во четвртокот уследија по самоубиствениот бомбашкиот напад во Тикрит, во вторникот, кога загинаа 65 луѓе.