ЕУ-ЕУЛЕКС е компетентен да го истражи извештајот на Марти

Дик Марти

ЕУ соопшти дека мисијата на ЕУЛЕКС во Косово е најкомпетентна да ги истражи тврдењата во извештајот на Дик Марти за трговијата со човечки органи во Косово и во Албанија. Според потпаролката на Кетрин Ештон шефот за надворешна политика на унија, ЕУЛЕКС има доволно обвинители и судии, кои работата независно и според највисоките професионални стандарди.
Хјуман рајтс воч вчера и препорача на ЕУ да назначи специјален независен обвинител кој ќе го исражи случајот. Потпаролката Маја Кочанчиќ го повика Марти ако има доволно докази за криминалните дејствија да ги предаде на властите и ЕУЛЕКС.