45 мртви при бомбашки напади во Ирак

Ирачките власти соопштија денеска дека 45 лица загинале при експлозија на два автомобила бомби во предградитето на шиитскиот град Кербала. Шефот на локалниот Совет Мухамед ал Моусави изјави дека околу 150 луѓе биле повредени кога двајца бомбаши самоубици ги детонирале нивните возила полни со експлозив.
Нападите се случиле на две улици кои воделе кон градот.