Премиери на девет европски земји ќе се сретнат во Лондон

Денеска во Лондон ќе се одржи средба на премиери од девет европски земји, како дел од иницијативата на Велика Британија за зајакнување на трговските врски, економски раст и отворање на нови работни места во земјите кои беа погодени од светската финансиска криза. Земјите учеснички: Бриртанија, Данска, Финска, Исланд, Нортвешка, Шведска, Естонија, Латвија и Литванија, се соочија со тешки последици од финансиските потреси и рецесија. На средбата ќе се дискутира за технологија, иновации, одржливост на бизниси како и „зелена економија“.