Тунискиот обвинител денеска отвори истрага за имотот на поранешниот претседател Зине Ал Абидине Бен Али и неговото семејство. Бен Али ја напушти земјата по неколкунеделните немири на протестите во главниот град Тунис.
Швајцарските власти соопштија дека донеле одлука да се замрзнат сметките на Бен Али во земјата со цел да помогнат во истрагата против него за наводна кражба на државни фондови.
Шефот за човекови права на ОН Нејви Пилај изјави дека тие добиле информации за повеќе од 100 смртни случаи во Тунис во последниве пет недели.