Љубиша Џепиќ го фати крстот во Вардар во Скопје

Дваесет и пет годишниот Љубиша Џепиќ од Волково го фати светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје. Џепиќ за прв пат учествува на централната манифестација на која беа пријавени 160 лица. Тој изјави дека очекува крстот да му донесе љубов, вера и надеж, односно тоа што не може да се купи, туку само од бог да се добие. Традиционално оној што ќе го фати крстот и оваа година доби подароци.
Во Охрид по седмиот обид крстот го фати дваесет и едногодишниот Јован Делов кој изјави дека му се исполнила животната желба и крстот претставува голема чест за него и неговото семејство.