Судски процес против напаѓачот на карикатуристот Вестегард

Курт Вестергард

Во Аурус, Данска денеска започнува судскиот процес против 29 годишниот Мохамед Геле обвинет за напад врз Курт Вестергард карикатуристот на Пророкот Мухамед.
Геле, кој има сомалиско потекло, со нож на Нова година влегол во куќата на Вестергард, но карикатуристот, кој со своите цртежи во 2005 го разлути муслиманскиот свет, успеал да избега.
Геле, ако биде прогласен за виновен, може да добие и доживотна затворска казна.