Тројца министри ќе се повлечат од новата влада на Тунис

Премиерот Мухамед Ганучи

Најголемиот синдикат во Туниссоопшти денеска дека тројца нивни министри ќе се повлечат од новата влада на национално единство, која се формираше по бегството на Претседателот Зине Ал Абидине Али од земјата. Абид ал Брики од синдикатот на националната телевија изјави дека таквата одлука била донесена поради тоа што членовите на администрацијата на Бен Али го задржале своето работно место и во новата влада.