Спогодбата за стабилизација Србија-ЕУ во европарламентот

Европскиот парламент денеска треба да ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Србија и Европската Унија, што до сега го направиле 11 земји членки на Унијата. Спогодбата ќе стапи во сила откако ќе ја ратификуваат и преостанатите 16 земји членки. Овој договор е потпишан во април 2008 година, а министрите на ЕУ ја одобрија ратификацијата во јуни минатата година.