Во немирите во Тунис загинале најмалку 78 цивили

Повеќе од 78 демонстранти и други цивили загинале, а 94 биле повредени за време на едномесечните немири во Тунис, објави синоќа владата на оваа земја. Министерот за внатрешни работи Ахмед Фрија изјави дека и безбедносните сили претпреле загуби, но не наведе колку нивни припадници загинале. Тој истакна дека туниската економија поради немирите во земјата загубила околу две милијарди долари. Според агенциите, немирите во Тунис и натаму продолжуваат, и покрај вчерашната објава на премиерот Мохамед Ганучи за формирање на влада на национално единство.