Карзаи ќе се сретне со Медведев

Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи планира неделава да ја посети Москва, соопшти неговиот потпарол Сиамак Херави. За време на дводневната посета во четврток и петок Карзаи ќе се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев.
Во фокусот на разговорите ќе биде економската соработка и снабдувањето со гас.