Прегрупирања во израелската влада

Ехуд Барак ја соопштува одлуката 17.01.11

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак соопшти денеска дека ја напушта Лабуристичката партија, на чие чело беше од 2007-ма година. Тој истакна дека формира нова фракција во Парламентот, која ќе се вика Независност, а му се придружиле и уште 4-ца пратеници, тројца од нив министри или заменици министри. Лабуристите беа трета по големина партија во владината коалиција на премиерот Бенјамин Нетајаху. Фракцијата на Ехуд Барак ќе остане во власта. Некои од членовите на Лабуристичката партија повикуваа на науштање на владината коалиција поради тоа што нема напредок во мировните преговори со палестинците.