Спречен план за терористички напад во Грција

Атина

Грчката полиција соопшти дека во четвртокот уапсила четири лица во Атина, кои планирале викендов да извршат терористички напад. Доказот бил пронајден на компјутерите на осомничените на кои имало соопштение дека планираат терористички напад, пред да започне судењето на припадници на анрхистичка група, кое било закажано за во понеделник. Во нивните домови биле пронајдени оружје и муниција.