Војската патролира во главниот град Тунис

Војници во центарот на Тунис

Војници денеска патролираат по улиците на Тунис по ноќта во која беа масовно ограбувани дуќани, а главната железничка станица во главниот град беше запалена. Премиерот Мухамед Гануши, кој ја превезеде власта по бегството на Претседателот Бен Али во Саудиска Арабија, ја повика армијата да ги врати редот и мирот во Тунис.
Според саудиската агенција СПА, Бен Али пристигнал изутрината во Саудиска Арабија по големите насилни протести во Тунис поради невработеноста и корпцијата во кои загинале над 70 лица.