Зимбабве ја призна Македонија под уставното име

Зимбабве ја призна Република Македонија под уставното име. Агенцијата МИА јави дека владите на двете земји вчера воспоставија дипломатски односи. Зимбабве е 130 држава што ја призна Република Македонија под уставното име. Македонија има воспоставено дипломатски односи со 162 земји.